Адријан Брунер со титула во четврта категорија

Adrijan Bruner

Адријан Брунер (САД) ја освои светска титула во бокс за професионалци во четврта различна категорија. Тој доминираше над Хабиб Алахвердиев (Русија) и го нокаутираше во последната- 12 рунда на галавечерта во Синсинати (САД).

Американецот покажа одлична форма и му нанесе голем пораз на противникот. Со успехот Брунер си го придодаде појасот на Светската боксерска асоцијација во супер -лесна категорија. Тоа беше 31-та победа (22 со нокаут) за шампионот, кој има два порази. Исто толку порази има и Алахвердиев, кој е со 19 победи (9 со нокаут).

По триумфот Адријан Брунер го предизвика Ешли Тиофан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО