Хабиб: Фудбалот е многу подобар од ММА

Хабиб Нурмагомедов е голем љубител на фудбалот и тоа за никого не е тајна.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија не крие дека негов голем сон бил да стане фудбалер. За жал, тој е роден во Дагестан, каде што боречките вештини се почитуваат. Како што е вообичаено за многу деца во Дагестан, почнал да се бори уште на рана возраст.

Започнал на осумгодишна возраст под водство на неговиот татко Абдулманап Нурмагомедов. Абдулманап го посвети својот живот на едукација на младите од Дагестан, надевајќи се дека заеднички ќе понуди алтернатива на исламскиот екстремизам во регионот.

Таткото на Хабиб успеа да се справи со својата задача и создаде многу светски шампиони. Нурмагомедов станува еден од најуспешните ММА борци во историјата. Хабиб можеби е ММА борец, но тврди дека фудбалот е многу подобар од ММА.

Еве што друго им порача Нурмагомедов на своите фанови на хуманитарен собир во Лондон:

„Има многу различни луѓе овде во Лондон. Мислам дека има навивачи на Арсенал, Челзи, Тотенхем, Манчестер, па затоа нема да го именувам мојот омилен англиски фудбалски тим. Ќе кажам дека ја сакам англиската Премиер лига.

Сакам фудбал и фудбалот е генерално многу подобар од ММА. Сум кажал и порано и секогаш ќе го кажувам. Луѓето, знаејќи го ова, прашуваат: „Тогаш зошто стана ММА борец“?

Искрено, тоа е некаква случајност. Мислам дека ова се случи поради фактот што сум роден и израснат во Дагестан. Да бев роден во Англија, ќе станев фудбалер“, им порача Хабиб на навивачите во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО