Васил Ломаченко против Џaмejн Ортиз на 29 октомври

Промотерската компанија Топ ранг официјално го објави боксерскиот меч кој ќе се одржи на 29 октомври во Њујорк (САД).

Во главната борба, поранешниот светски шампион во три тежински категории, 34-годишниот Украинец Васил Ломаченко (16-2, 11 КО) ќе се сретне со 26-годишната Американка Џaмejн Ортиз (16-0-1, 8 КО)). Борбата закажана во 12 рунди ќе се одржи во категоријата до 61,2 килограми.

Ломаченко е во победничка серија од 2 борби и последен пат го победи Ричард Коми со одлука на судиите кон крајот на 2021 година. За време на руската инвазија на Украина во 2022 година Ломаченко се приклучи на украинската армија.

По враќањето во Украина од Грција, Ломаченко се приклучи на баталјонот за територијална одбрана на неговиот роден град Билгород-Днестровски на 27 февруари 2022 година. На 20 март доби дозвола да ја напушти Украина за да се соочи со Џорџ Камбосос Јуниор во Австралија.

Сепак, Ломаченко одби, решавајќи да остане и да се бори за својата земја. Останува да се види како ќе се претстави Ломаченко на мечот, кој речиси не тренираше од почетокот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО