Ален Рустемовски „најдобар македонски боксер“ на „Алексо Огненовски“, злато за Ружди Рустемовски

Битолските боксери браќата Ален и Ружди Рустемовски, кои се репрезентативци на Боксерската федерација на Македонија, настапија на Меѓународниот турнир „Алексо Огненовски“ изминатов викенд во Охрид и освоија златни медали, а Ален беше прогласен за најдобар македонски боксер на турнирот.

Ален Рустемовски настапи во јуниоркса конкуренција до 57кг, а Ружди Рустемовски исто така во јуниори до 66 кг.

Ален славеше против Сухејб Матраку со прекин во првата рунда, додека Ружди Рустемовски извојува убедлива победа над Сајди Беголи со 5-0.

На турнирот учествуваа боксери од повеќе европски држави: Германија, Шведска, Швајцарија, Албанија и една африканска земја, Еритреа.

Нивниот тренер Јове Петровски Оцо е многу задоволен од настапот на боксерите на овој турнир.

„Наша следна цел е „Златната војводинска раквица“ за која се зборува дека е мало светско првенство, со оглед на тоа дека доаѓаат земји од сите континенти“, велат од Пелистерски јунак, притоа им заблагодаруваа на луѓето кои искрено ги подржуваат:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО