Хасбула му плесна плескавица в лице на Александар Волкановски (ВИДЕО)

Дагестанската интернет сензација Хасбула Магомедов повторно го привлече вниманието на ММА заедницата.

19-годишното момче од Дагестан боледува од ретка болест и не може нормално да се развива. Изгледа како 5-годишно дете, но тоа не ја спречува неговата слава. Хасбик стана популарен пред една година откако чеченскиот блогер Ашаб Тамаев сакаше да го спротивстави на друго момче со слична болест.

Така Хасбула стана познат и во ММА заедницата. Се зближи со Хабиб Нурмагомедов и стана составен дел од нивниот тим. Хасбула моментално е во Австралија, каде го запозна Александар Волкановски. Шампионот на УФЦ во перо категорија како да се забавуваше со Хасбула, кога реши да се пошегува со него.

Магомедов му плесна плескавица во лице на шампионот, а видеото стана хит на социјалните мрежи. Хасбула се обиде да му го избрише лицето на шампионот, кој не ја криеше насмевката од инцидентот. Волкановски моментално е најдобриот ММА борец во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО