Реваншот меѓу Јиржи Прохаска и Гловер Тешеира на УФЦ 282

Јиржи Прохаска и Гловер Тешеира усно се договорија за реванш.

Ариел Хелвани вели дека УФЦ ќе ги спротивстави по втор пат на настанот УФЦ 282 на 10 декември во Лас Вегас. Тие во јуни се бореа за титулата во полутешка категорија во Сингапур. Тешеира ќе победеше со одлука, но во последните секунди Прохаска го собори.

Прохаска има скор од 29-3-1 во ММА и е во серија од 13 победи, од кои 12 со завршница. Јиржи победи на 25 меча со нокаут и 3 со принуда. Со завршница е поразен три пати. Јиржи е поранешен шампион на Ризин. Тој е првиот шампион од Чешка во УФЦ.

Тешеира, пак, има скор од 33-8 во ММА. Со поразот од Прохаска ја прекина серијата од 6 победи. Гловер победи во 18 средби со нокаут и 10 со принуда. Има четири порази со завршница. Ова е веројатно последен напад на титулата за Тешеира, кој сега има 42 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО