Роберт Наумоски одржа семинар во Охрид за бразилско џиу џицу, засилен со Игор Димовски од Швајцарија! (ВИДЕО)

Promocija vo ladna voda ba BJJ pojasi

Професорот Роберт Наумоски, кој работи и живее во Австралија и има црн појас, одржа семинар за бразилска џиу џица и ММА изминатиот викенд во Охрид.

Првиот ден се работени техники од БЏЏ со кимоно, а вториот ден техники од ММА и Граплинг.

На семинарот, покрај членовите на „Д Стронгест & рутс БЏЏ“ од Скопје, Охрид, Прилеп, Куманово, учествуваа и вежбачи од Шведска, Швајцарија и Германија.

Ohrid bjj seminar

„Проф. Наумоски на двата семинари се фокусираше на борбата во стоечка позиција и разработување на техниките кои беа прикажани на минатите семинари и тренинзи во клубовите во Македонија. На вториот ден од семинарот, во првиот дел,  Наумоски прокажа интересни техники од стоечка позиција и напад од гард, а, во вториот дел, гостинот од Швајцарија, Игор Димовски, покажа неколку техники со 50/50 со завршници (зафати на нога)“, истакна Ивица Алексовски, која го организираше семинарот.Robert naumoski so Igor Dimovski od CH

Наумоски додели повисоки појаси во БЏЏ на неколку членови на „Рутс БЏЏ Македонија“.

На претседателот на Македонската федерација за БЏЏ и основач на „Д Стронгест & рутс БЏЏ Македонија“, Ивица Алексовски, му додели кафеав појас, кој монетално е со највисок степен во БЏЏ во нашата држава. А промоцијата мораше да помине уште еден тест, капење и вежбање во ладна вода, однонсо ноќен тренинг за издржливост во Охридското Езеро.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО