Надежите на Балканец први во Бугарија!

balkanec kadeti

Во бугарското место Катунци, викендов се одржа традициооналниот меѓународен турнир во борење за деца и кадети, на кој екипата Балканец беше најдобра во екипна конкуренција.

На турнирот учествуваа 70 борачи од клубови во Бугарија, Грција и Македонија, а на турнирот учествуваше и Лирија од Скопје.

За деца до 12 години, први мета за Балканец освоија Иле Стојков, во категоријата до 66 кг, Мартин Стојанов за пионери во категоријата до 42 кг, Давид Мишев во категоријата до 53 кг и Петар Тодев до 73 кг. Второ место во категоијата до 85 килограми освои Џан Назифов. Тој, иако има 75 кг настапи во повисока категорија, за да има посилни противници. Во категоријата до 85 кг, уште еден борач на Балканец освои медал, и тоа бронзен- Дарко Иванов. Трети места освоија и децата Дарио Димитров и Ненад Панов, во категоријата до 35 кг, чии родители исто така беа успешни борачи. Екипата на Балканец ја предводеа тренерите Горан Стојанов, Добре Маринков и Николај Корнејев. Судија на турнирот беше и штипјанецот Сане Арсов.
Турнирот во Бугарија покажа дека Балканец има млади и талентирани борачи, во кои треба да се вложува и истите да се стимулираат.

ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО