Каратистите без медал на првиот ден од Европското првенство

Денешниот настап на македонските каратисти на Европското првенство за сениори во Пореч, Хрватска, не и донесе медал на Македонија. Во борби нашите каратисти забележаа само по една победа, додека во кати Пуликсенија Јованоска е 11-та, а Алкесандар Неделковски е 13-ти.

Утре настапуваат преостанатите каратисти: Емил Павлов, Давид Петков, Симона Заборска, Сара Радичевска, машкиот и женскиот тим во борби, како и машкиот ката-тим.

На шампионатот настапуваат 596 натпреварувачи од 47 држави.

Европско првенство сениори – Резултати:

-60 кг
Емил Павлов – Павле Дујаковиќ (Босна и Херцеговина)

-67 кг
Давид Петков – Сергеј Далакјан (Ерменија)/ Лука Хведилијани (Грузија)

-75 кг
Доан Османи – Габор Харспартаки (Унгарија) 2-1
Доан Османи – Лука Ретенбахер (Австрија) 0-4

-84 кг
Петар Спасеновски – Константинос Мастрогијанис (Грција) 2-0
Петар Спасеновски – Михал Бабос (Полска) 0-3

+84 кг
Вегим Мурати – Георгиос Цанос (Грција) 0-1

-50 кг
Сара Радичевска – Нурана Алијева (Азербејџан)

-55 кг
Симона Заборска – Александра Папа

-61 кг
Моника Пендаровска – Тјаса Ристиќ (Словенија) 0-0

-68 кг
Ангела Мојсовска – Марина Раковиќ (Црна Гора) 0-0
Ангела Мојсовска – Андрине Хилтон (Норвешка) 0-4

+68 кг
Симона Симовска – Циска ван дер Воорт (Холандија)
Симона Симовска – Форетса Орана (Косово) 0-2

Кумите екипно мажи
Македонија – Шпанија

Кумите екипно жени
Македонија – Италија

Ката
Пуликсенија Јованоска беше четврта во втората група со 21,2
(Англија, Словенија, Чешка, Косово, Унгарија и Италија)

Во вториот круг Пуликсенија изработи за 22.88 поени е шеста

Во вкупниот пласман е 11-та од 30 натпреварувачки.

Александар Неделковски е во 2-група со 23,4 поени е четврти
(Лихтенштај, Босна и Херцеговина, Португалија, Латвија, Шведска, Полска, Црна Гора и Турција)

Во вториот круг Неделковски изработи за 22,28 поени е седми

Така, Неделковски во вкупниот пласман го освои 13-тото место од 35 натпреварувачи.

Ката екипно мажи
Македонија е во група со Хрватска, Азербејџан, Турција, Италија и Португалија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО