Иран егзекутира уште едем шампион во борење

Иранскиот шампион во борење Мехди Али Хосеини ќе биде погубен во неговата татковина. Хосеини е прогласен за виновен за убиство за време на масовна тепачка во 2015 година. Бидејќи семејството на жртвата одбива да го помилува Хосеини за наводното злосторство, казната за Хосеини ќе биде извршена веднаш.

Олимпискиот шампион во борење Хамид Суријан, кој е потпретседател на Иранската боречка федерација, се обрати кон семејството на жртвата во обид да спречи погубување на Хосеини.

Мехди е втор ирански борач на кого му е изречена смртна казна откако во септември 2020 година јавно беше обесен уште еден шампион во борење, Навид Афкари. Тогаш Дана Вајт и Доналд Трамп се обидоа да го спасат животот на Афкари, но не беа успешни.

Не е јасно дали иранскиот режим го принуди Хосеини да признае злосторство што не го сторил. Афкари, кој беше погубен минатата година, се пожали дека бил измачуван за да се изјасни за виновен. Илјадници луѓе се собраа на социјалните мрежи во обид да го спасат животот на Хосеини, но тешко дека ќе успеат.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON