Изминатиов викенд Таеквондо академијата Анастасов на Меѓународниот турнир „Омега куп 2018“ во Белград освои 8 медали со 10 натпреварувачи.
Во голлема конкуренција медали освоија:
Христијан Младеновски – златен медал; Дориан Јанев, Ива Ивановска и Михаела Велковска – сребрени и Анастасија Видинска, Ѓорги Хасановски, Даријан Ангеловски и Христијан Спировски – бронзени.
„Сите натпреварувачи покажаа значителен напредок во однос на изминатите натпревари и се надеваме дека следниот пат ќе бидеме уште подобри“, истакна тренерот Филип Анастасовски.
Ipon.mk