Бредли го победи Варгас на поени! (ВИДЕО)

Bredli

Тимоти Бредли – Пустинска бура (САД), му го нанесе првиот пораз во кариерата на Џеси Варгас и ја освои испразнетата титула на Светската боксерска организација во полусредна категорија. Мечот беше доста оспоруван, а се одржа на галавечерта во Карсон (САД).

Новиот шампион имаше предност во првите рунди. Варгас, во чиј агол беше мексиканската легенда Ерик Моралес, изедначи кон крајот на пресметката. Тој дури имаше шанса да го нокаутира противникот, откако го зашемети Бредли во последните секунди на средбата, но судијата се збуни и го прекина мечот 10 секунди пред крајот.

Тоа беше 32-та победа (12 со нокаут) за Бредли, кој има 1 пораз и 1 нерешена борба.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО