Дионтеј Вајлдер: Фјури се подготвува да влезе во мојата колекција на нокуати

Шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер (42-0-1, 41КО) се подготвува за реванш одбраната на ВБЦ титулата против Тајсон Фјури кон крајот на февруари во Вегас. Пред година во Калифорнија Британецот доминираше, но два пати падна во нокдаун, а борбата заврши нерешено.

Долго време, шампионот и Фјури беа во преговори за реванш, но тие не се договорија и се бореа со различни противници. Тие ги добијт своите битки, но Вајлдер можеше да се пофали со подобра завршница. Дионтеј ги нокаутира Доминик Бризил и Луис Ортиз, а сега се подготвува истото да го стори и со Фјури. Шампионот верува дека ќе го повреди противникот и ќе му го земе скалпот.

„Немам трпение за битката со Фјури. Имав убав одмор во Италија, каде се сретнав со папата. Тоа беше огромна чест за мене. Исто така успеав да го посетам Колосеумот. Ментално сум наместен и сакам да го додадам Фјури во мојата колекција на нокаути. Јас сум тој што има највозбудливите битки во тешка категорија.

Што и да прави Тајсон со својата кариера и со кого тренера не е важно. Се подготвува да влезе во мојата колекција на нокаути. Се со што ќе го погоди ќе го повреди. Не можам да чекам. Ќе биде неверојатна битка и вечер. Целата работа што ќе ја дадеме во овој тренинг камп ќе ни донесе нов нокаут во колекцијата на спомен“, рече Дионтеј за реваншот со Британецот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО