АктуелноБоксПрофесионален
6 милиони Американци го гледаа Ерол Спенс како со нокаут го трасира патот кон титулата (ВИДЕО)
Мисијата на Ал Хајмон да го претстави Ерол Спенс Јуниор како нова боксерска ѕвезда, постигна исклучителен успех.
26-годишниот левак минатиот викенд во Њујорк во 6 рунди го нокаутира 41-годишниот Италијанец Леонард Бинду (02/02/33, 12 КО) во меч за прв предизвикувач во ИБФ во велтер категорија.
Додека големите имиња кои се борат под покровителство на Премиерот шампионат во бокс имаат само просечна гледаност, Спенс (21-0, 18 КО) го гледаа рекорден број на гледачи за настанот на ПБЦ од нивниот почеток во март 2015 година.
Неделната борба ја следеа вкупно 6 милиони Американци, што е три пати повеќе од неговата последна борба во која го нокутираше поранешниот светски шампион Крис Алгиери во април.




