Кик бокс репрезентацијата отаптува на Европското првенство во Унгарија

Македонската кик бокс репрезентација денеска отпатува на Европското јуниорско првенство кое почнува денеска и ќе трае до 1 септември во Гиор – Унгарија.

Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат: Марко Тодоров, Миа Тодорова, Борјан Трајков, Синиша Милошевиќ и Милан Милосевиќ.

Репрезентацијата ќе ја водат тренерите Тони Стојановски и Александар Ристовски.

Селекторот и претседател на КБМФ, Дејан Митровски – Урко од оправдани причини не отпатува на ЕП.

„Им посакувам успех на нашите натпреварувачи и тренери. Сите натпреварувачи се млади и со нивната работа и упорност многу ветуваат за нивната иднина во кик боксот и за Македонија. Сигурен сум дека ќе донесеме некој медал за нашата земја“, вели Митровски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО