Даниел Кормиер загатна пензионирање

Поранешниот шампион во полутешка и тешка категорија на УФЦ, Даниел Кормиер, навести пензионирање. Ветеранот беше нокаутиран од Стипе Миочиќ во саботата вечерта и ја загуби титулата во кралската категорија.

https://www.instagram.com/p/B1W3-AqhXgN/?utm_source=ig_embed

„Поминаа два дена и нема како а да не сум разочаран“, напиша Кормиер на Инстаграм. „Сакам да им се извинам на сите што не успеав. Му честитам на Миочиќна за победата. Покажа дека има големо срце. Му благодарам на Дана Вајт и на сите во УФЦ за тоа што го направија за мене. Тоа беше неверојатно патешествие. Ќе одлучам што да правам отсега па натаму. Кога ќе ја донесам одлуката, ќе знаете за тоа. Ве сакам “.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО