Ковнацки и Ареола го соборија рекордот на тешка категорија по бројот на удари (ВИДЕО)

Каква беспоштедна борба во рингот на „Барклис центарот“ во Њујорк водеше Адам Ковнацки (20-0, 15 КО) и Крис Ареола (38-6-1-2NC, 33 КО) сведочи и статистиката.

Непоразениот Полјак кој порасна во Бруклин пред скоро девет илјади навивачи прв пат во кариерата мораше да ги одработи сите 12 рунди. Ареола, како и секој пат кога е физички пофготвен беше многу цврст, но неуморниот Ковнацки го совлада трикратниот предизвикувач за титулата во тешка категорија со резултат 117-111, 117-111 и 118-110.

Притоа ги соборија рекордите во тешка категорија по бројот на упатени и зададени удари.

Заедно испорачаа 667 удари и упатија 2172 удари. Со тоа го соборија рекордот на Компјубокс по бројот на удари што паднаа во еден тешкашки меч.

Претходниот рекорд по бројот на зададени удари го држеа Дејвид Туа и Дејвид Изон во борбата од 1996 година (650), а Туа со Ике Ибеабучи го држеше и рекордот за бројот на фрлени удари во тешкашка борба (1730).

Полјакот погоди со 369 од 1047 уптаени удари, вклучувајќи 324 јаки удари.

Ареола погоди со 298 од 1125 упатени удари.

Ковнацки тежеше над 120 килограми, додека Ареола беше 111.

„Кошмарот“ во пресрет на борбата објави дека може да се пензионира во случај на пораз, но по мечот изјави дека сепак треба да размисли за неговиот следен чекор.

https://www.youtube.com/watch?v=Cd8Pb9ksDLE
https://www.youtube.com/watch?v=xwKCx_ax6pg
https://www.facebook.com/watch/?v=602002483540465
https://www.facebook.com/watch/?v=2090517687911427
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО