ОНЕ Чемпионшип најавува големи работи за својот настан на 27 јули шоу во Манила.
Во судирот на поранешните борци на Прајд Ренцо Грејси (13-7-1-1НЦ) се враќа за уште една борба, за да ги одмери силите со Јуки Кондо (60-34-9).
51-годишниот Бразилец не се борел во ММА од 2010 година кога на УФЦ во Абу Даби го нокаутира Мет Хјуџис.
42-годишниот Јапонец е активен од 1996 година Во богата кариера три пати го победуваше Семи Шилт. Во 1996 година со хај кик го нокаутира Френк Шамрок, а има победи и против Марио Спери, Гај Мезгер, Миноваман и поранешен предизвикувач за титулата на УФЦ Пит Вилијамс. Уште се бореше против Џош Барнет, Дан Хендерсон, Тито Ортиз, Вондерлеј Силва, Пауло Флихо, Игор Вовчанчин, Фил Барони и Рожер Грејси.
На настанот ќе се одржи и меч за привремената титула во бантам меѓу Мартин Нгујен и Кевин Белингон. Актуелен шампион е Бибијано Фернандез, но Бразилецот го повреди глуждот во последната борба и организацијата одлучи додека тој не се опорави да има привремен шампион.
.