Утре во Радовиш се одржува Изборното првенство во борење за младинци до 23 години. Се очекува настап на околу 60 борачи од Бучим-Радовиш, Балканец, Лирија, Тефејуз, Скопје, Безбедност, Вардар. Во Радовиш треба да се обезбедат места за Европското првенство за младинци во Полска на 22 март.
Младинското изборно првенство може да биде поинтересно и од сениорското, бидејќи поголемиот дел од борачите настапија и на Изборното првенство за сениори минатата недела во Скопје, при што ги освоија првите места во своите категории.
Домаќинот во составот ќе ги има адутите Иван Јанев, Ѓерче Батески, Никола Петров и Мемет Мустафа, додека Балканец со Стефан Никовски, Бобан Савев и другите ќе се обиде да им се спротивстави. Но, Лирија ќе се потруди да им ги расипе сметките зашто доаѓа со Јасин Реџелари, Бесмир Весели, Сами Реџепи и Раиф Камбери. Има најви дека БК Тефејуз нема да го игнорира Изборното првенство за младинци, како што направи на сениорското. Негови фаворити се Ердоан Мамемети и Ертан Реџепи. Вардар свој фаворит има во Лени Јовановски.
Се очекува на превнството да се појави и Адил Адили од БК Скопје, кој настапува во Франција и има добри резултати на силните европски турнири.
ipon.mk/В.Д.