41 медал за Македонија на „Абу Даби про Мацедониа“ (ФОТО/ВИДЕО)

Изминатиов викенд за репрезентацијата во бразислко џиу џицу беше еден од најдобрите и најбогатите, затоа што освоија вкупно 41 медал – 15 златни медали, 16 сребрени медали и 10 бронзени медали. Првото место во тимска конкуренција го освои (Рутс БЏЏ) и прво место во конкуренција на држави.

За прв пат во Македонија се одржа врвно натпреварување во БЏЏ „Абу Даби про Мацедониа 2019“ во слата „Форца“ во Скопје. 

Нашите златни репрезентативци се:

  1. Томи Блажевски
  2. Даниела Алексовска
  3. Марко Ангелов
  4. Дамјан Петровски
  5. Христијан Чолески
  6. Горазд Ѓеорѓиевски
  7. Фани Проја
  8. Никита Јоновски
  9. Марко Петровски
  10. Бојан Манчевски
  11. Марио Здравковски
  12. Ева Илиевска – апсолутна категорија
  13. Александар Попивиќ
  14. Андријана Цветковска
  15. Ева Илиевска

Освојувачи на сребрените медали се:

  1. Петар Цветановски
  2. Ања Чивчиристовска
  3. Теодор Стојковски
  4. Михаил Поповиќ
  5. Филип Митревски
  6. Давид Тодоровски
  7. Марко Панчевски
  8. Даниел Тодоровски
  9. Марко Трајановски
  10. Марко Ристовски
  11. Елпида Проја
  12. Викторија Славковска
  13. Вања Милевски
  14. Михаил Поповиќ – апсолутна категорија
  15. Никола Протугеров
  16. Александар Колевски

Освојувачи на бронзените медали се:

  1. Јорго Проја
  2. Дарјан Славковски
  3. Ива Богдановска
  4. Ерџан Амит
  5. Макс Јоновски
  6. Никола Цветановски
  7. Саво Костовски
  8. Никола Протугеров
  9. Ненад Ристевски
  10. Ерџан Амит – апсолутна категорија

Учествуваа репрезентации и тимови од над 20 земји (Ангола, Бразил, Швајцарија,Шведска, Бугарија, Србија, Хрватска, Романија, Полска, Грција, Црна Гора, Тунис, Австрија, Кипар, Украина, Франција, Словенија…) кои допатуваа со своите натпреварувачи за прв пат во Македонија.

На светско ниво се одржуваат само 30 натпреварувања од овој ранк, а благодарение на Алексовски оваа година за прв пат и Македонија беше на светскиот календар.

Во организација на „AJP”, а со посредство на „Д’Стронгест” и Македонската федерција за БЏЏ се поставија новите стандарди за организација на ваков настан. Целиот настан течеше без проблеми, без прекини, истовремено беа сите резултати на интернет достапни за сите, со навремено најавени борби.

„По завршувањето на настанот добивме позитивни критики на социјалните мрежи за начинот на организирањето и водењето на натпреварувањето“, вели Алексовски.

Нашиот најголем потенцијал Даниела Алексовска го доби признанието за најбрз зафат (најбрзо завршена борба, за само 10 секунди ја заврши борбата со зафат, т.н. триаголник).

На линкот може да ја видите најбрзо завршената борба…

https://www.facebook.com/ivica.aleksovski.thestrongest/videos/10218797934373569/

Секако да не заборавиме најатрактивен дел беше и “летачкиот триаголник” на нашиот Михаил Поповиќ кој благодарение на оваа атрактивна техника го натера својот противник да ја предаде борбата.

Видете го ремек-делото на нашиот Михаил ..

https://thestrongest.mk/wp-content/uploads/2019/10/video-1572163969.mp4?_=1

Наш најуспешен претставник беше Ева Илиевска која освои 2 златни медали, еден во категорија и еден во апсолутна категорија.

Селекторот Алексовски е задоволен од прикажаното, од организацијата и се надева дека со неколку од нашите репрезантативци ќе биде дел од Светското првенство во Абу Даби 2020 година, каде штоќе има околу 5000 натпреварувачи и целиот настан трае скоро цела недела. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО