Олимписки шампион во бокс уапсен поради сексуално злоставување на деца

Освојувачот на златниот олимписки медал Паул Гонзалес е уапсен поради обвиненија за сексуална злоставување на деца.

Уредот на обвинителот на округот Лос Анџелес го обвинува 53-годишниот Гонзалес со 8 точки од кои четири спаѓаат во сексуална злостваување на деца, а една е за поседување на детска порнографија.

Во овој момент не се познати повеќе информации за наводните злочини , ниту колку жртви се во прашање.

Во текот на последната деценија Гонзалес работел како главен тренер во Боксерскиот клуб Еди Ередија во Лос Анџелес кој е во надлежност на Градскиот уред за паркови и рекреација.

Задржан е во притвор и му е одредена кауција од 545.000 долари.

Гонзалес го освои златото во полумува категорија на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година. Награден е и со Трофејот Вал Баркер за најдобар боксер на Игрите.

Во професионалната кариера немаше толку успех. Во 1990 година го предизвика шампионот на ИБФ во бантам Орландо Канизалес, кого претходно го победи, но во реваншот загуби со прекин поради исеченица. По уште два порази одлучи да се пензионира во 1991 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО