Адил Адили дебитираше со победа на Гранд при Париз 2015!

Адил Адили
Адил Адили

Адил Адили е единствениот Македонец кој викендов настапи на силниот турнир „Гранд при Париз 2015“ во слободен стил, под знемето на Македонија.

Го победи искусниот Амиран Каратнов од Грција во 1/8 финалето, носител на медали од меѓународните првенства, а во ¼ финалето беше поразен од светскиот младински првак Илман Муктаров од Франција.

На Адили ова му е прв настап во сениорска конкуренција, а му е и прва година како младинец, што, во суштина, ветува многу и треба да ги брани боите на Македонија до 61 килограм во сениорска конкуренција.

Adil Adili 7 mesto

Инаку, Адили потекнува од боречко семејство, неговиот татко Хамди Адили е поранешен борач на БК Скопје, под чие раководство и на тренери од Грузија и Осетија тренира во Франција. Тој е член на УС Метро од Париз и е кадетски и јуниорски првак на Франција и во слободен стил и во грчко-римски стил, и во поединечна и во екипна конкуренција. Како кадет има настапувано на многу меѓународни турнири и важи за еден од најперспективните борачи во Франција.

Во 2013 година татко му Хамди одлучува, од патриотски причини, да настапува за репрезентацијата на Македонија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО