26-мина убиени во терористички напад на боречки клуб во Кабул (ВИДЕО)

Најмалку 26 лица се убиени, а над 90 се ранети во два терористички напади што се случија во средата попладне во Кабул.

Тренингот во Боречкиот клуб Маиланд во главниот град на Авганистан се претвори во масакр по два бомбашки напади за еден час.

Бомбашот-самоубиец прво убил невооружен млад чувар на влезот во клубот пред да се разнесе во салата со борачи. Некои од нив беа 10-годишни деца.

Еден час подоцна автомобил-бомба експлодирала пред клубот. Се верува дека целта биле собраните новинари, лекари и полицајци, кои дојдоа на местото на нападот.

Двајца новинари загинаа, а четворица се повредени.

Во времето на нападот во салата имало околу 150 луѓе.

Одговорноста за нападот ја презеде исламската држава, која редовно ја напаѓа малцинската шиитска популација.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО