Мелвин Гилард го бара полицијата откако во барска тепачка нокаутира човек (ВИДЕО)

Мелвин Гилард (32-21-2-3НЦ) едно време беше меѓу најпознатите борци на лесна категорија на УФЦ.

Од УФЦ си замина со скор 12-9, но потоа неговата кариера е во надолна линија и 35-годишниот Американец изгуби осум од последните девет борби, со тоа што преостаната борба е поништена.

Гилард сепак успеа да дојде до нокаут, но не на борилиштето. ММА борецот го бара полицијата откако во барска тепачка во Колорадо нокаутира човек.

По мало туркање Гиалард го удрил човекот кој останал неподвижно да леж на подот. Тогаш бил нападнат од жена која ја оттурнал.

ТМЗ дошла до видео материјалите од надзорните камери во барот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО