Утре на Меѓународниот џиу џица турнирот „Скопје опен 2016“ ќе учествуваат преку 25 клубови од 10 држави.
На турнирот ќе се користи најмодерна технологија за следење на борбите од Словенија, а ќе судат 16 судии, при што во организацијата се вклучени 30 луѓе.
„Скопје опен 2016“ ќе го отвори директорот на Агенција за млади и спорт, Марјан Спасески, во 10 часот.
Клубовите кои ќе нстапата на турнирот се: Бургас – Бургарија, Спорт клуб 2012 Ханау – Германија, Марибор – Словенија, Безбедност – Смедерево, Хеиан ДО Темерин, Осенсеи – Штип, Такеда – Скопје, Минотаур – Бања Лука, Славија Источно Сараево,Ипон – Модрича, Јединство – Добој, РГЦ – Ниш, Дан – кју – Скопје, Морнар – Бар, Соко – Котор, Будва-Комерцијална банка, Динамо Русе – Бугарија, Н и Ф – Алексинац, ЏК Ипон – Скопје, Стронгест – Скопје, Турска џиу џицу федерација, Карлос Маја – Скопје и Панда – Херцег Нови.
Ipon.mk/В.Д.