Кој ќе ја симне суспензијата на ФБСМ изречена од Обединетото светско борење?

Besmir Veseli na EP U23 vo Polska - borba

Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) во текот на идната недела треба да се состане по изречената суспензија од страна Обединетото светско борење (UWW/ОСБ).

Во согласност со Статутот и прописи ОСБ ги суспендира федерациите во борење на Македонија и на Црна Гора од секое натпреварување под покровителство на Светската организацаија за борење – шампионати, турнири и меѓународни натпревари.

Суспенизјата е поради не измерените долгови спрема ОСБ по повеќе основи.

УО на ФБСМ со Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади  и спорт ќе бара излез од суспензијата.

Cifliganec i ostanati kaj lalovic

На 12 август, пред вонредното Собрание на ФБСМ, Обединетото светско борењедо испрати писмо пред исклучување, односно последна опомена за подмирување на долгот од 33.725 швајцарски франци, однонсо 40 отсто од вкупната сума 13.500 франци до 15 август.

Писмото беше потпишано лично од претседателот на ОБС, Ненад Лаловиќ, а беше упатено да ФБСМ и нејзиниот претседател Чедо Николовски, во кое се потсети дека генералниот секретар на Свестката боречка организација, Дасон, испратил предупредување дека е можна суспензија на ФБСМ, а со тоа и на борачите, ако не се подмират финасиските обврски.

Од ОБС тогаш предупредија дека не се подмирение обврските за Лабазан Аскербиев и Магомедгаџи Нуров, така што тие нема да добијат лиценци за настап. Ако сакаме во 2016 година да настапуваат за Македонија ќе мора од 1 до 31 декември да се платат обврските, однонсо лиценцирањето како македонски борачи.

Инаку, вкупните долг во тој момент на Федерацијата, според нашите информации од надлежните лица во ФБСМ, беше околу 47 илјади евра, и надворешен и внатрешен долг.

На 1 октомври 2015 година објавивме дека ФБСМ нема закани за суспензија од Обединетото светско борење ОБС, бидејќи долгот од 13.500 швајцарски франци е подмирен кон ОБС.

Од ФБСМ во тоа време рекоа  дека пополека ги решаваат натрупаните проблеми и дека се исплатени заостанатите плати на техничкото лице во Федерацијата, долгот за здравствени услуги кон Ремедика (183.000 денари), поради што во април беше блокирана сметката.

Cedo vo baku

Тогашниот претседател по добивањето на писмото од ОБС, Чедо Николовски рече:

„На разговорите беше и претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски. Се јави Лаловиќ во седиштето на ОБС во Лозана, за да праша колку е долгот и за што е направен, и дословно рече: „Котизацијата за ЕП, е гранција, од околу 10-тина илјади евра, дека делегатите ќе бидат исплатени (што и се исплатени-Ч.Н.), тоа на Вас ќе ви го минусирам од вкупниот долг. За она другото (казната за судиите) ќе видиме, а за трансферот на борачите од Русија, Тимур Хамикоев  и Халил Зубаиров, ќе мора да се платат, но до Олимпијада 2016 година“.

ФБСМ во овој момент должи околу 19.300 швајцарски франци на ОСБ за челнарини,  регистрации на борачи кои добиле македонско државјанство, како Халил Зубаиров и Тимур Хамикоев по околу 5.000 франци, казна од 4.500 франци за неводење на судија на турнир на кој учествувале тројца наши борачи, што е според правилата на Светската боречка организација, котизација на ЕП во Македонија околу 4.500 евра.

Според сето ова испаѓа дека некои долгови останале нерешени.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО