25-годишен кикбоксер почина по удар во глава

25-годишниот кик-боксер Џоел Каваски почина откако беше нокаутиран со удар во главата за време на неодамнешната борба во Еквадор. Каваски и неговиот противник носеа заштитници, но за жал ова не ја спречи трагичната несреќа.

Двајцата ќе се бореа на Пацифик куп шампионатот. Според Ел Норте, во рингот немало лекари и борецот бил итно пренесен во болница. Џоел претрпел церебрална хеморагија и бил прогласен за мртов неколку часа подоцна.

Новинарот Алберто Астудило изјави дека трагичната сцена се случила на 1 април и објави видео од битката на Каваски, кое, за жал, е последно во неговиот краток живот.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON