Вудли: Бесен сум поради насилството во мојот град! (ВИДЕО)

Woodley

Американскиот град Фергусон последните неколку дена беше една од главните вести во светските медиуми откако бел полицаец застрела црна тинејџер. Се се претвори во големи немири, кои секојдневно ги полнеа вестите ширум светот.

Во Фергусон израснал и УФЦ борецот велтер категорија, Тајрон Вудли, кој не се помирува со настаните во неговиот град, кои се надвор од контрола и кои биле испровоцирани од лутина.

„Ова е мојот град, а јас сум лут за сето она што се случува. Мразам да го гледа сето ова. Уште поважно, ги мразам луѓето кои не ја разбираат ситуацијата и кои немаат чувство за заедништво. Ова, инаку е добро место. Не требало да има грабежи и безредија и да се уништува градот. Се срамам од луѓето кои ограбуваат, прават нереди и да се уништува градот. Тоа создава лоша слика за луѓето кои мирно протестираа“, изјавил Вудли за „УФЦ Тудеј“.

„Ова е страшно. Ова е срамно. Знам луѓе кои живеат тука. Тие се добри луѓе, и ова е добра заедница “.

 

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО