21 медал за КК Партизан -Штип на Иппон купот во Лесковац

КК Партизан од Штип освои вкупно 21 медал на Меѓународниот турнир „Иппон куп 2017“ во Лесковац-Србија, од 4 златни, 7 сребрени и 10 бронзени
медали во кати и борби. 

Златни медали освоија: Лила Ефремова – пионерки (-34кг), Филип Ивановски – пионер (35кг), Панче Захариев – помлад кадет (+47кг), екипно борби пионери (Филип Ивановски, Алексеј Адвокатов, Мартин Захариев и Стефан Манев).

Сребрени медали: Мелани Митевска – пионерка (34кг), Алексеј Адвокатов – пионер (-35кг), Тамара Доневска – сениорка (-61кг); Душица Бреслиева, Кристијан Николов, Дамјан Андонов и Матеја Георгиев – пионери, кати.
Бронзи: Мартин Захариев – пионер (-30кг), Љупчо Ценевски – помлад кадет (+47кг), Елена Анастасова – кадетка (- 54 кг), Кристијан Данев, Тамара Иванова, Ангела Бреслиева, Лина Ефтимова, Стефан Манев, Стерио Наумов –  пионери-кати и Елена Устичкова – помлада кадетка, кати.

Најуспешен натпреварувач од Карате клубот Партизан од Штип е Филип Ивановски со два златни медали.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО