8 од 12 шампиони ги бранат светските титули, без Агаев и Усами

Од 5 до 9 ноември, најдобарите каратисти во светот ќе се натпреваруваат во Бремен за 16 шампионски титули, 12 во поединечна конкуrренција и 4 во екипна конкуренција. Осум светски шампиони ќе ги бранат титулите следната недела на 22.Светско првенство за сениори во Бремен, Германија.

Рика Усами
Рика Усами

Конкуренцијата ќе биде жестока во сите категории, особено во екипните категории. Во женски категории, три од шест владетелки ќе ги бранат нивните титулите: Александра Рича (Фра, ​​-50 кг),Кајо Сомеја (Јап, -68 кг),Надеж Ада Ибрахим (Фра, +​​68 кг). Светскиот шампион во кумите (жеени) -55 кг, Луси Игнас, нема да ја брани титула,, но ќе се натпреварува во категоријата -61 кг. Нејзиното место ќе го заземе Лолита Дона.

Едно од најголемите изненадувања на шампионатот и лоша вест за многу навивачи е дека живата легенда на кати за жени, 28 годишната Рика Усами не се натпреварува. Нејзина замена е Кију Шимицу. Уште пет шампионки нема да бидат присутни на првенство: Хонг Ли (Кин, сребро -50 кг), Ју Мијамото (Јап, бронза -61 кг), дури и сите три носителки на медали во категоријата -68 кг, освен шампионката Сомеја: Хафса Сејда Бурусу (Тур, сребро), Хеба Абд Елхамид (Егип, бронза ) и Тифани Фањат (Фра, ​​бронза).

Само Кенџи Грилон нема да ја брани на титулата на светски шампион во машка категорија. Петмина светски шампиони повторно ќе се обидат да биде најдобар во своите категории : Антонио Дијаз (Вен, кати ), Амир Мехдизадех (Иран, -60 кг), Маги Ханафи (Егип , -67 кг), Луиџи Буса (Ита, -75 кг) и Енес Еркан (Тур, 84 кг). Единствено Кенџи Грилон (-84 кг) од Франција,не ја брани титулата. Тој ќе биде заменет со Микаел Серфати. Тој го пропушти овогодишното Европско првенство во мај, откако му беше скршена ногата на Карате 1 Премиер лигата во Париз, во јануари.

Рафаел Агаев
Рафаел Агаев

 Освен Рафаел Агаев (Азерб, сребро -75 кг), уште седум освојувачи на медал од СП нема да се натпреваруваат во Бремен: Лука Валдеси (Ита, бронза во ката), Мохамед Али (Егип, бронза -60 кг), Брајан Рампуј (САД, бронза -67 кг), Ко Мацухиса (Јап, бронза -75 кг), Калид Буабауб (Алж, бронзао -75 кг), Јавуз Карамолаоглу (Тур, бронза -84 кг), Стефано Манискало (Ита, бронза -84 кг ), додека Калид Калидов (Каз, бронза -84 кг) ќе учествува само како член на машкиот кумите тим на Казахстан. Нема да настапи ниту Гркот Грегориос Цанос.

Конкуренцијата ќе биде силна бидејќи ќе се натпреваруваат 1.000 каратисти од 107 земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО