На Државното првенство за кадети во Прилеп во неделата ЏК Миоки настапи со 6 натпреварувачи и освои 3 златни и 3 бронзени медали.
Златни медали освоија : -52 кг Наталија Динова, -55 кг Андреј Петровски и -60 кг Хамза Јашари, додека бронзите и припаднаа на -57 кг Христина Дескова, -60 кг Никола Мајновски и -73 кг Еди Шерифовски.
Најмладите џудисти на Миоки на Државното првенство за деца освоија 10 медали и тоа 4 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.
Први места освоија: -21кг Петар Давчев, -27 кг Ива Јосимовска, -32 кг Марија Кузмановска и -40 кг Сара Давчева.
Второ место: -25 кг Трајче Талевски и -25 кг Дамјана Поп-Атанасова.
Трето место: -27 кг Ангел Кузмановски, -38 кг Борјан Мијакоски, -21 кг Георгина Блажеска и -40 кг Моника Стојковска.
Ipon.mk/В. Д.