Мани Пакијао предизвикан од поранешен светски шампион

Филипинската боксерска легенда, Мани Пакијао, доби нов предизвик додека се подготвува за следниот настап на рингот.
Осумкратниот светски шампион направи силен камбек во текот на летото кога ремизираше со шампионот на ВБЦ во велтер категорија, Марио Бариос, во Лас Вегас. И покрај силниот настап против помладиот противник, Пакијао не успеа да стане најстариот светски шампион во велтер категорија, рекорд што го постави во 2019 година со победата над Кит Турман.
Во услови на шпекулации за неговата иднина, Амир Кан, поранешен двократен светски шампион кој е надвор од спортот неколку години, изрази интерес за можна борба со Пакијао.
„Сè зависи од противникот. Ако е некој против кого мислам дека можам добро да се снајдам, би го направил тоа. На пример, Мани Пакијао – многу сме спарирале“, изјави Кан за Клубхаус бокс.
Последната професионална борба на Кан беше во февруари 2022 година, кога загуби со технички нокаут во шестата рунда од долгогодишниот ривал Кел Брук во Манчестер.
И покрај зборовите на Кан, следниот противник на Пакијао во моментов се чини дека е поверојатно да биде Роландо „Роли“ Ромеро, актуелниот шампион на ВБА во полусредна категорија. Повеќе извеност за плановите на Филипинецот се очекува во наредните недели.



