
Дардан Бела го освои бронзениот медал на Меѓународниот турнир „Шехит цунест јилдиз“ во Бурса, Турција, на кој настапија 300 натпреварувачи. Во категоријата до 57 килограми имаше 36 натпреварувачи. Бела со 4 победи и 1 пораз постигна голем успех.

Борачите на Лирија и Чаир ја претставувавме Македонија на овој турнир.

Многу сум задоволен од борбите што ги прикажаа нашите борачи вели Артан Реџепи:
Трим Пацоли – 2 победи и 1 пораз
Данијал Весели – 2 победи и 1 пораз
Алтин Бислими – 1 победа – 2 порази

„Ова беше петтиот турнир на меѓународната сцена оваа година на кој учествував, исклучиво за доброто на нашите борачи“, нагласува Реџепи.



