Меѓународна сценаММА

Конор сака да учествува на УФЦ настанот во Белата куќа

Поранешниот шампион на УФЦ во две категории, Конор Мек Грегор од Ирска, изјави дека сака да се натпреварува на турнирот на организацијата во Белата куќа, кој се очекува да се одржи во јули 2026 година.

„Во рингот на УФЦ во Белата куќа, покажувајќи ја ирската сила, храброст, вештина и решителност на нашите американски партнери! Ирска, заедно на најголемиот боречки настан во светот, во живо од тревникот на Белата куќа“, напиша Мекгрегор на социјалните мрежи!

Конор Мек Грегор има 36 години. Ирецот не се борел од јули 2021 година, кога загуби со технички нокаут (повреда на ногата) од Американецот Дастин Пориер на УФЦ 264.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON