150.000 фунти за билет за мечот на Мејведер

Флојд Мејведер може да заработи пари дури и од воздух. Иако беше критикуван од многу експерти за некои контроверзни победи, а други го негираат неговиот успех, на „Мани“ мора да му се признае една работа – тој дефинитивно знае како да прави бизнис.

Доказ е следниот демонстративен меч на кој ќе учествува легендата. На 14 мај ќе се соочи со Ден Мур на хеликоптерската подлога на врвот на Бурџ Ал Араб во Дубаи. Настанот е засилен со уште неколку подготвителни натпревари и ќе биде прв од ваков вид.

Но, тоа што е организирано на толку екстравагантно место не значи дека нема да има луѓе да го гледаат во живо, од првиот ред. Се испостави дека веќе се пуштени во продажба 20 билети, секој со цена од 150 илјади фунти. Според Сан, 10 од нив се купени, а уште 10 треба да заминат многу наскоро.

Тоа значи дека настанот на Флојд ќе заработи 3 милиони фунти од само 20 луѓе. Освен тоа, веќе е познато дека ќе се наплаќа за гледање на интернет, кое е по цена од 15 фунти, но во форма на биткоини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО