15-годишно момче почина откако беше тешко повредено на џиу џицу тренинг

15-годишниот Даглас Соуза Брага почина како последица на трагична несреќа на џиу џицу тренинг во Рио де Жанеиро.

Брага два месеци беше во болницата во Нова Игуазу и имаше неколку сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи клинички и невролошки проблеми. Инцидентот се случил на 27 јули во тренинг центарот „Ренан Теодоро“, каде Даглас тренирал со уште едно 18-годишно момче.

Вреди да се одбележи дека во моментот немало инструктор кој ќе го надгледува тренингот. Полицијата во моментов ги истражува околностите на инцидентот и планира повторно да го испраша тренерот на Даглас.

На денот на несреќата, мајката на Даглас, Сузан Сантос, добила повик од тренинг центарот и ја известила за инцидент со син и.Тој веднаш бил пренесен во болница, а прегледот покажал дека како последица на тоа добил тетраплегија како резултат на паѓање.

По дијагнозата, Даглас бил опериран за да му вметнат три титаниумски плочи во ‘рбетот за да му ги санира сериозните повреди. Меѓутоа, на 30 август тој доживеал срцев удар, но бил спасен од медицинскиот персонал.

За жал, Соуза почина пред неколку дена. Овој трагичен инцидент ја нагласува важноста на безбедноста и надзорот за време на спортските активности. Почивај во мир!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО