14 медали за таеквондо репрезентацијата на Балканското првенство во Зрењанин

Taekvondo reprezentacija na Blakansko

Македонската репрезентација во таекводно на Балканското првенство во Зрењанин, Србија, освои еден златен, еден сребрен и 12 бронзени медали.

Ардијан Веселовски освои златен медал со две победи во јуниорска конкиренција, Марко Стевиќ освои сребрен со две победи во сениорска конкуренција, во апсолутна категорија (+ 87 кг).

makedonskite-taekvondisti-osvoija-14-medali-na-BP

Бронзи освоија јуниорите Елеонора Пешевска (до 52 кг), Александра Чакалиќ (до 59 кг), Марко Оџов (до 48 кг), Иван Крстевски (до 55 кг), Костадин Георгиевски (до 63 кг), Дејан Георгиевски (над 78 кг), во конкуренција на деца – Фросина Раевска (до 30 кг), и кадетите Ана Марија Горгиевска (до 47 кг), Деспина Јовчевска (до 51 кг), Викторија Радомировска (до 55 кг), Стефанија Радевска (над 59 кг), Марко Аврамовски (до 41 кг),

Од Македонија учествуваа 40 таеквондисти во сите возрасни категории.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON