Кирил Глобенко го освои Златниот гонг

Кирил Глобенко го освои „Златниот гонг“, додека во женска конкурнеција првиот трофеј и припадна на Сандра Драбик од Полска.

Полскиот боксер во финалето славеше против нашиот репрезентативец Алим Насуфи 2-3.

Ален Рустемовски е најдобар домашен боксер, а светскиот првак Оказава Севорнец (Јапонија) е најдобар техничар.

Рустемовски не се бореше бидејќи противникот поради повреда не се појави во рингот, па така нашиот боксер од други причини беше во послаба позиција за Златниот гонг.

Најдобра борба е Ник Николов (Словенија) – Димтрос Николау (Грција) која му припадна на Македонецот кој настапуваше за Словенија со 5-0. Аксел Хегарти од Велс е прогласен за најперспективен боксер.

Фросина Манева е најдобар судија.

Македонија настапи со Ален Рустемовски, Ружди Рустемовски и Алим Насуфи, но и Ник Николов, кој на турнирот е пријавен како претставник на Словенија, но од неодамна настапува за македонската репрезентација.

На турнирот настапија 37 боксери, 30 во машка и 7 во женска конкуренција.

Финале Златен гонг:

Жени
57 кг Ребека Добош (Унгарија) – Карина Ибраимова (Казахстан) 0-5 ТКО Р2

Мажи
57 кг Башким Бајоку (Косово) – Шудаи Харада (Јапонија) 0-5
57 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Луар Алиу (Косово) 5-0
60 кг Ружди Рустемовски (Македонија) – Аксел Хегарти (Велс) 1-4
63,5 кг Ник Николов (Словенија) – Димтрос Николау (Грција) 5-0
67 кг Алим Насуфи (Македонија) – Кирил Глобенко (Полска) 2-3
71 кг Доминик Енекеш (Унгарија) – Оказава Севорнец (Јапонија) 1-4
75 кг ОрландоХолви-Сотоми (Велс) – Вилијам Чолов (Бугарија) 0-5
80 кг Стелијан Страхилов (Бугарија) – Редис Карај (Албанија) 1-4
92 кг Марко Крмљак (Хрватска) – Донат Сила (Косово) 0-5 без борба
+92 Петар Белберов (Бугарија)  – Шпетим Шабани (Косово) 0-5 без борба
+92 Ардијан Аземи (Македонија) – Јордан Хернандез (Бугарија) 0-5 без броба

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО