Во пресрет на мечот против Усик, Фјури вели: Секогаш сакам да го нокаутирам противникот

Двајцата шампиони во бокс во тешка категорија конечно ја потврдија пресметката во рингот. Тајсон Фјури и Aлександaр Усик ќе се борат за апсолутен шампион во кралската дивизија на 17 февруари следната година во Саудиска Арабија.

И двата шампиони неодамна имаа меч пред договорот, Усик го нокаутира Даниел Дубоа во август и ги одбрани шампионските титули на ВБА, ВБО и ИБФ, додека Фјури го победи Френсис Нгану со поделена одлука на крајот на октомври. Кралот на Ромите го држи појасот на ВБЦ.

Без разлика на победата против Дубоа, украинскиот борец доби силен удар под појасот во петтата рунда, а судијата му дозволи неколку минути одмор. Усик се опорави и продолжи таму каде што застана, победувајќи го Британецот со нокаут во деветтата рунда.

Многумина сметаат дека ударот на Даниел бил пренизок, но има и такви кои се убедени дека Дубоа тогаш требало да победи. Секако дека во таа група спаѓа и Фјури, но воопшто не го интересира тактиката на Дубоа.

„Секогаш го барам вистинскиот удар, сакам да го удрам противникот во лице. Кога ќе влезам во рингот сакам да го нокаутирам противникот“, изјави Тајсон Фјури за Меил спорт.

Фјури и Усик имаа интересно соочување во четвртокот.

Фјури и Усик се соочија пред борбата во февруари (ВИДЕО)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО