Уште два медали за Македонија на БП во карате – сребро за Или, бронза за Ефтимовска

Македонските каратисти освоија уште два медали на денешните натпревари на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Љубљана, Словенија. Или Билали се закити со сребро, а Драгана Ефтимовска со бронза.

Билали може да жали што не го освои златниот медал, загуби минимално 0-1 од Ѓорѓе Грубиќ од Србија.

Во претпладневниот дел Цветан Маргаритов освои сребрен медал, а Сара Дука бронзен.

Така, Македнија освои 4 медали – 2 сребрени и 2 бронзени.

Резултати – Балканско првенство:

-61 кг
Драгана Ефтимовска кадети – бронза
Драгана Ефтимовска – Арлинда Пеци (Косово) 3-0
Драгана Ефтимовска – Амира Абулибде (Бугарија) 1-0
Драгана Ефтимовска – Лаура Страхија (Хравтска) 2-1
Драгана Ефтимовска – Месуде Јалин (Турција) 2-6
Репасаж
Драгана Ефтимовска – Зара Гегиќ (Босна и Херцеговина) 2-1
За бронза
Драгана Ефтимовска – Лана Стевановиќ (Босна и Херцеговина ) 1-0

-68 кг
Или Билали јуниори – сребро
Или Билали – Лазар Ѓурчевиќ (Црна Гора) 5-5
Или Билали – Ахмет Озтурк (Турција) 3-0
Или Билали – Лука Пејиќ (БиХ) 3-0
Или Билали – Исмет Енсар Кабаоглу (Турција) 4-0
Финале
Или Билали – Ѓорѓе Грубиќ (Србија) 0-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON