Хрватски боксер го нокаутираше судијата (ВИДЕО)

Деновиве во Загреб се одржува Европското првенство за јуниори-аматери. За жал, еден хрватски боксер го привлече вниманието на целата јавност со многу некоректен потег, поради што се очекува драстична казна и од матичниот Сојуз и од ЕБУ.

Hravtot tepac

Боксерот Видо Лончар беше поразен во втората рунда со технички нокаут од страна на Литванецот Алгидра Баниулис, благодарејќи на тоа што судијата во рингот му броеше три пати, со таа одлука не се согласил.

Пред да се проглласи победникиот, Лончар го удрил судијата и го испружил на подот, но тоа не се, туку следеле уште неколку дополнителни удари пред да стигнат редарите и бодовните судии.

Најверојатно, Хравтскиот боксерски сојуз наскоро и службено ќе реагира за овој инцидент, а многумина очекуваат дека Лончар ќе биде казнет со доживотна забрана да се занимава со аматерски бокс.

http://youtu.be/qLE77n4h4-g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО