Реакција на Владимир Крстев: Постот на мојот личен профил е мој личен став-стојам позади секој напишан збор, следи тужба

Во врска со објавениот „демант” од страна на ЏФРСМ, по повод  мојата објава, на мојот ПРИВАТЕН профил, а е предмет на објава на Вашиот портал, се почувствував повикан да реплицирам по неколку основи, истакнува Владимир Крстев од Миоки.

Реакцијата на Крстев ви ја пренесуваме во целост.

„1.Постот на мојот личен профил е мој личен став, јавно изнесен. Тоа е мое лично ПРАВО и стојам позади секој напишан збор.

2.Ниту ЏФРСМ, ниту некој друг клуб или тренер, освен Паскоски и Димитријоски и организаторот – ЏК Партизан од Кикинда, не се прозвани во мојот пост.

3.Сите засегнати личности и клубови се регуларно тагнати во постот, како би добиле шанса да коментираат позитивно или поинаку, ако самите чувствуваат потреба за тоа. Во секој случај со тагирањето се прописно известени за јавната објава на мојот личен профил, што ги засега нив.

4.За разлика од мојата објава со регуларно известување, опишана во точка 3, ЏФРСМ постирале официјален став на официјалниот профил на ЏФРСМ, со “скриншат” од објавата од мојот личен ФБ профил, без регуларно да ме тагираат и известат.

5.Издвојувајќи посочувајќи и прозивајќи ме јавно, од официјалниот профил, ЏФРСМ во постот изнесува навреди и дисквалификации кон мене, како личност, за што секако ќе следи ТУЖБА за јавно изречена навреда.

6.Истиов текст е постиран како коментар на постот на ЏФРСМ и е уредно документиран, доколку подоцна ЏФРСМ решите да го отстрани и ќе биде искористен како доказ во случајот за јавна навреда и дисквалификација против ЏФРСМ.

7.Што се однесува до напишаното во мојот пост

ниту во еден збор не е изразена негативна конотација кон никого спомнат во постот, а најмалку против ЏФРСМ. Постот е напишан со цел да го промовира учеството на ЏК МИОКИ на тренинг кампот во Кикинда и честа Паскоски и Димитријоски да го отворат кампот, и да го предводат првиот тренинг. Сите овие факти се АПСОЛУТНА ВИСТИНА, потврдена од организаторот. Во постот исто е изразено жалење поради фактот што Паскоски и Димитријоски не се дел од стручниот тим на ЏФРСМ – повторно, АПСОЛУТНА ВИСТИНА.

Во постот беа пофалени и високото ниво на организација на тренинг кампот, како и  експертизата на Паскоски и Димитријоски.

8.Да потенцирам дека кога се пишува демант на некој текст, значи дека се спротивставувате на пишаното или тврдите дека во напишаното е изнесена лага.

Кон кој дел од напишаното се  противите ЏФРСМ?

Кој дел од текстот е лажен: учеството на Миоки на кампот, одличната организација, експертизата на Паскоски и Димитријоски,  отворањето на тренинг кампот од страна на Паскоски и Димитријоски или ФАКТОТ дека Паскоски и Димитријоски НЕ се дел од стручниот тим на ЏФРСМ?

9.Дали јас, како присутен на тренинг кампот и дел од ЏК МИОКИ, имам право да напишам пофални зборови за клубот во кој членувам, за организаторот, за проф. Димитријоски или морам да барам дозвола од ЏФРСМ?

Дали е дозволено мојата “нестручна” маленкост, да изрази среќа и восхит од атмосферата на ваков голем Џудо евент, или за тоа мора да побарам дозвола од ЏФРСМ?

Сакам да ги потсетам почитуваните членови на управните тела  на ЏФРСМ, посебно Спортскиот Директор  Ѓоргија Стојанов, дека слободата на говорот е уставно загарантирано право, кое јас гордо го користам, како слободен и чесен граѓанин и секако ќе се спротивставам и ќе се борам со сите мои легално расположливи начини, кога некој, од позиција на моќ, ќе се обиде да ми го оспори тоа право – како во конкретниов случај.

Од Почитуваните членови на управните органи на ЏФРСМ, поради брзоплетава објава, несреќно прозивајќи ме мене, дискредитирајќи и навредувајќи ме во истата и поради обидот јавно да ми биде извршен притисок и цензура на говор, очекувам ИЗВИНУВАЊЕ и бришење на спорниот пост.

Ве известувам јавно, дека текстов од мојата реплика официјално ќе биде доставен до Претседателот на ЏФРСМ, до ИО на ЏФРСМ и секако до Спортскиот Директор – автор на постот“, наведува Владимир Крстев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО