Кро Кап потсети на легендарниот реванш пред осум години кога му возврати на Гонзага за поразот

Во април 2007 година хрватската легенда на боречките вештини Мирко Филиповиќ го доживеа еден од најтешките порази во кариерата.

На настанот на УФЦ во Манчестер, Кро Кап загуби од Габриел Гонзага со нокаут на крајот од првата рунда.

Тоа беше втор настап на Мирко во најголемата светска ММА организација, кој не заврши како што сакаше.

Бразилецот го нокаутираше со своето најсилно оружје, високиот удар.

Но, осум години подоцна, Кро Кап му врати на Гонзага. Во април 2015 година во Краков, легендарниот Мирко му возврати на бразилскиот борец и победи со прекин во третата рунда.

Кро Кап на својот Фејсбук ги потсети навивачите на тој меч, а многумина коментираа дека тоа е еден од нивните омилени моменти во историјата на спортот.

Видеото може да го погленете ТУКА.

Хрватската легенда беше максимално мотивирана пред натпреварот. Гонзага создаде многу проблеми во првите две рунди, но Мирко тргна многу побурно во третата.

Во клинчот го удри Бразилецот со лакт во главата, го затресе многу. Кро Кап продолжи да го удира противникот на земја, принудувајќи го судијата Леон Робертс да го прекине натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО