Домашна сценаЏудо
Миоки на камп во Кикинда, учествуваат над 400 џудисти од 10 држави

Џудистите на Миоки учествуваат на тренинг кампот во организација на Партизан од Кикинда, Србија, тренерите Игор Паскоски (Миоки) и Игор Димитријоски (Пролетер) го отворија кампот на кој учествуваат над 400 џудисти од 10 држави.

„Тренерите м-р Игор Паскоски од Миоки и проф.Игор Димитријоски од Пролетер-Прилеп ја имаа честа да го отворат кампот и да ги одржат првите тренинзи, Димитријоски со У13 и У15, а Паскоски со У18, У21 и сениори.
Сериозна организација, искусни тренери и реномирани имиња во џудо светот, посветено ги следеа инструкциите на Паскоски и Димитријоски, потврдувајќи го нивото и експертизата на нашите тренери, за жал истите не се дел од стручниот тим во нашата федерација“, се вели во клупската објава на Миоки.




