Боб Арум: Енди Руиз е опција за Тајсон Фјури

Борбата меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик за апсолутната титула во тешка категорија пропадна, но кариерите и на двајцата треба да продолжат.

Украинецот веќе планира да ги брани појасите во дуелот со Даниел Дубоа, но Фјури и понатаму молчи. Многумина мислеа дека Фјури ќе има боксерски меч со поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану, но темата наеднаш згасна.

Легендарниот Британец заедно со своето многудетно семејство летуваше во Италија, но сега се враќа дома. Тајсон активно ќе почне да бара ривал. Боб Арум откри дека следен противник на Фјури би можел да биде Енди Руиз Јуниор.

„Тајсон беше во Италија на одмор со своето семејство. Се врати во Англија и разговараме со него. Го бараме најдобриот достапен човек за борба ова лето во Велика Британија.

Можеби тоа ќе биде Енди Руиз или некој како него. Да се ​​надеваме, ако Тајсон победи, а потоа Усик го победи Дубоа, тогаш на крајот на годината ќе се сретнат во Саудиска Арабија.

На тој начин ќе можеме да имаме еден шампион во тешка категорија“, изјави Арум за Корнермен Боксинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО