12 медали за Дан кју, Осенсеи и Такеда на „Алексинац опен 2016“

Dziu dzicu drzavno Stip

На Меѓународниот џиу џица турнир „Алексинац опен 2016“ во Србија македонските клубови освоија рекорден број на медали – 12.
Вкупно 19 натпреваривачи учествуваа во трката за трофеи, а 12 од нив беа успешни.

Dan kju takeda na Aleksinac open 2016

Од ЏЏК Такеда Моника Младеновска и Тања Младеновска освоија златни медали, Кенанџан Мејзини сребрен и Бојана Симиќ бронзен.

Од Осенсеи бронзен медал освои Филип Денков.

Од Дан кју: Андреј Димитров и Ангела Трајковска – златни, Зоран Колевски, Давид Дамовски и Александар Трајковски – сребрени и бронзени Даниел Костадиновски и Дарко Стојановски.

На овој турнир се одржа и второто коло од Јадранската џиу џица лига, а на неа две победи избори Александар Трајковски, едната против борец од Панда – Црна Гора, а другата е против екипата на домаќинот НиФ –Алексинац, Србија.:

Стојанче Александров судеше на турнирот, а Зоран Ристески на Јадранската лига.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON