Мек Грегор ја исмејуваше заразата на Пориер, но Датсин му врати

Конор Мек Грегор ја коментираше објавувата на американскиот ММА борец Дастин Пориер кој ги покажа последиците од заразувањето со стафилокока. Ногата на Пориер изгледа прилично лошо од инфекцијата. Конор првично му посака на ривалот брзо закрепнување.

Малку подоцна се вжештија коментарите меѓу нив. Поранешниот шампион во две дивизии верува дека кармата го стигнала Пориер. Конор веќе цела година се мачи поради повредата што ја доби во третата борба со Пориер во летото 2021 година.

„Озлогласениот“ ја скрши ногата и верува дека инфекцијата на ногата на Пориер е карма.

„Тоа е карма, пријателе. Пресечете ја оваа работа и зачувајте ја за Ноќта на вештерките. Хахаха“, напиша Конор на социјалните мрежи.

Конор има 1 КО победа над Пориер, кој, пак, извојува две нокаут победи над Ирецот.

Пориер не му остана должен: „Дали завршивте со снимањето на „Роуд хаус“ и си подготвен повторно да добиеш шлаканица“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON