Разбиен од Фјури: Чисора бил подобар од Џошуа, Вајлдер и Вајт

Френк Ворен, промотер на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, смета дека неговиот противник во последната борба Дерек Чисора се претставил подобро од многу истакнати боксери и покрај поразот.

„И покрај фактот што Тајсон победи убедливо, јас цврсто верувам дека резултатот ќе беше ист доколку Ентони Џошуа излезеше против него.

Дерек се претстави посилно од Дилиeн Вајт во април и очигледно подобро од Дiонтеј Вајлдер“, изјави Ворен на социјалните мрежи за „инсајдерот“ Мајкл Бенсон.

Фјури изминатиот викенд постигна победа над Чисора со ТКО. Така, Тајсон веќе има 33 победи во 34 борби во професионалната кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО