Ѕвезди на борењето ќе ги покажат своите вештини на гала вечерта во слободни борби во ММА во прочуената сала „Медисон сквер гарден“.
Шоуто е на 21 декември.
На душекот ќе излезат олимпискиот и 5-кратен светски шампион во слободен стил Хаџимурад Гацалов (Русија) против Тервел Длагнев (САД), освојувач на бронзени медали од Светските првенства во 2009 и 2014 година.
А во грчко-римски стил гледачите ќе ги видат олимпискиот вицешампион Арсен Џулфалакјан (Ерменија) против Кајл Дејк (САД). Борбата е во категоријата до 75 кг Претставникот на домаќините е исклучително популарен во својата земја. Вистинските успеси ги постигналл во слободен стил, но како адолесцент има настапи и во грчко-римски стил.