Ристо Димитров е поразен од Робин ван Росмален на ФФЦ 28 – Грција против остатокот на светот во Атина со прекин во првата рунда во ММА делот.
Борбата која штотулку заврши не навестуваше таков развој на настаните, бидејќи Димитров форсираше борба со уривање, односно на партер. Имаше три неуспешни влеза во нозете, потоа се обиде да направи зафат за главата, но доби еден удар (кроше) кој се чинеше лесен, дури и лизагње. Проба да стане, но не можеше, па судијата ја прекина борбата.
https://youtu.be/VxtLB_iNxek
Борче Талевски вребално ја предаде борбата во првата рунда против Андреас Михалидис, што се смета за страв и преседан во ММА.
МMA:
Робин ван Росмален – Ристо Димитров (ТКО, Р1)
Дарко Стошиќ – Емил Захариев (ТКО, Р1)
Филип Пејиќ – Алексис Савидис (нерешено)
Стаматис Мороулис – Едгар Сантос (ТКО, Р2)
Андреас Михалидис – Борче Талевски (ТКО, Р1)
Јанис Михалопулос – Александрос Пападимитриу (едногласна одлука на судиите)
Ipon.mk/В.Д.